shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ставрев ќе го суди мечот Шкендија – Работнички, в среда во Тетово

Работнички в среда (16 часот) го игра првиот натпревар од плејофот во Првата фудбалска лига, а нашиот тим ќе и гостува на Шкендија во Тетово. Одредени се и службените лица за овој натпревар.

Мечот ќе го суди Александар Ставрев (Скопје), а ќе му помагаат Марјан Кировски (Скопје) и Дејан Костадинов (Скопје). Четврти судија на овој натпревар ќе биде Иса Емурли (с.Шемшево – Тетово).

За делегат на натпреварот е одреден Џевдет Далипи (Кичево), а контролор ќе биде Ванчо Коцев (Штип).