shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Алтипармаковски: Посакуваме нов триумф над Брегалница

Работнички утре гостува во Кочани, каде ќе ги одмери силите со Брегалница, ривалот кого го елиминиравме во полуфиналето на националниот Куп. Сега во рамките на 27.коло од Првата фудбалска лига, нашиот тим посакува нов триумф над штипскиот тим. Напаѓачот Марјан Алтипармаковски верува дека доколку тимот ја повтори играта од куп-натпреварот во altiparmakovski so bregalnica 2Скопје, тогаш Работнички може да ги освои трите бода. Секако, респектот за штипскиот прволигаш е апсолутно присутен.

„Не очекува нов дуел со Брегалница, овојпат во шампионатот. Секој меч е различен, па иако ги совладавме со 3-0 во рамките на Купот, сепак, ќе треба да прикажеме идентично добра игра, дури во некои сегменти и уште подобра, за да славиме во Кочани. Ја респектираме Брегалница, тоа е квалитетна екипа, но ние ги посакуваме трите бода. Сакаме да ја исполниме што е можно побрзо нашата цел – да оствариме излез во Европа за следната сезона“, вели Алтипармаковски.

Работнички мечот од 27.коло го пречекува на четвртата позиција со 36 освоени бода, додека Брегалница е шестопласирана со 30 бодови.