shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Финалето целосно го заслуживме

Работнички обезбеди трето последователно финале во Купот на Македонија и во завршниот дуел против Шкендија на арената „Филип Втори“ ќе го брани трофејот освоен лани. Нашиот тим ја совлада Брегалница со 3-0 на реваншот од полуфиналето и заслужено обезбеди пласман во финалниот меч.

„Задоволен сум од триумфот и од пласманот во финалето. Мора да истакнам дека со нашата игра во двомечот со Брегалница, која апсолутно ја респектираме, целосно го заслуживме пласманот во големото финале. Ќе го браниме трофејот против Шкендија и ќе сториме се за трофејот да остане во нашите витрини. Мора да напоменам дека фудбалерите ги заслужуваат сите честитки, успеаја да слават убедливо иако тимот не е комплетен поради повредите на неколкумина првотимци“, вели тренерот Томислав Франц.

Претстојниот викенд Работнички повторно ќе ги одмери силите против Брегалница, овојпат во ново првенствено искушение, на гости во Кочани.

„Нов натпревар, ново искушение. Нашата цел е на секој нареден натпревар да одиме на победа, и така ќе биде и на следниот против Брегалница. Секој меч е нова приказна, а ние ќе дадеме се од себе за да биде повторно успешна“, истакнува шефот на стручниот штаб.