shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

И трето едноподруго финале во Купот на Македонија!

Работнички ќе игра и во своето трето едноподруго финале во Купот на Македонија. Нашиот тим, на убедлив начин, со триумф од 3-0 (1-0) против Брегалница на реванш полуфиналната пресметка, на националната арена „Филип Втори“, обезбеди битка и за третиот едноподруго трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување.

По оние 1-1 од првиот натпревар од полуфиналето, кој се играше во Кочани, со вкупен резултат од 4-1 „романтичарите“ обезбедија финале.

Rabotnicki - Bregalnica 2

Одличната игра на тимот на Томислав Франц, со погодок беше зачинета во 21. минута од натпреварот кога Марјан Алтипармаковски со глава прекрасно го искористи нафрлување од страна на Најденов.

Бојан Најденов ја стартуваше и акцијата во 59. минута, која по асистенцијата на Елиф Елмаз, со нов гол за 2-0 ја заокружи повторно Алтипармаковски.

Конечните 3-0, ги постави токму Елмаз со прекрасен гол во 85. минута, и повторно на асистенција на одличниот на средината од теренот Бојан Најденов.

Во финалето од Купот на Македонија, Работнички ќе игра со Шкендија, која во Тетово и по вторпат стигна до победа против Хоризонт Турново, овој пат од 2-1.