shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марко Пушкариќ повикан во репрезентацијата на Хрватска до 19 години

marko-pushkaricpuskaric povikМладиот хрватски интернационалец од редовите на Работнички, Марко Пушкариќ, доби повик за настап во националната селекција до 19 години на својата земја.

Тој е повикан да биде дел од репрезентацијата на „коцкестите“ на пријателските натпревари против Катар, што ќе се одиграат на 19.април и на 21.април во Сесвете, Хрватска.

Напаѓачот треба на 18.април да се стави на располагање на националната селекција.