shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Најденов: Да го победиме Турново

Не играше на соседското дерби против Вардар поради жолти картони, но Бојан Најденов ќе се врати во составот на Работнички за неделниот првенствен натпревар против Хоризонт Турново на арената „Филип Втори“. Ќе ги одмери силите против својот поранешен клуб, но сега размислува само за триумф на Работнички.

„Неколку кола веќе не знаеме за победа и сакам да ја прекинеме таа серија на неделниот дуел со Хоризонт Турново. Не бевме инфериорни ниту против Шкендија, ниту против Вардар, но забележавме минимални порази. Последниот наш триумф беше против Металург, и мислам дека редно време е повторно да освоиме три бода. Турново е екипа која максимално ја респектирам, минав таму убав период, но сега размислувам само за Работнички и за победа на претстојниот натпревар. Турновци ни се доближија на само три бода и со триумф повторно ќе им побегнеме“, вели Бојан Најденов.

Тренерот Томислав Франц ќе има дополнителни проблеми поради повредата на стоперот Бојан Маркоски. Тој го повреди бутниот мускул на мечот со Вардар и ќе мора да паузира подолг период.