shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пролетта за Работнички стартува в петок, против Младост Царев Двор

Работнички одлучи првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната во Првата фудбалска лига да го одигра в петок, на 19 февруари, на арената „Филип втори“ во Скопје, со почеток во 14 часот. Тренерот Томислав Франц е уверен дека тимот е максимално подготвен за предизвиците што ги носи пролетниот дел од шампионатот, а амбициите се јасни, да се обезбеди излез на европска сцена.

„Одработивме квалитетни подготовки во Анталија, а потоа и имавме доволен период за да се аклиматизираме на домашните услови. Остануваат само уште неколку дена до првиот пролетен дуел и верувам дека сме максимално подготвени за настап. Нема да бидеме комплетни, со оглед на повредата на Борче Маневски, но сите што ќе добијат шанса очекувам да ја искористат на најдобар можен начин“, вели шефот на стручниот штаб на ФК Работнички, Томислав Франц.