shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јован Качевски ќе го суди мечот Работнички – Гостивар

Работнички в недела го пречекува Гостивар на теренот на ФФМ, со почеток во 13 часот. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Разме Бакрачески од Струга и Мартин Дејаноски од Кичево. Четврти судија е Марјан Стојановски од Кичево.

За делегат на натпреварот е одреден Арменд Дестани од Куманово, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.