Гандо Биала донесе триумф (0-1) против Македонија ЃП
Работнички ја оствари шестата победа оваа сезона во Првата лига откако славеше на гости против Македонија ЃП со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за нашиот тим беше Марселин Гандо Биала во 53.минута. Тој одлично реагираше на нафрлувањето од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на домаќинот.
Работнички беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Тимот што го предводеше Горан Станиќ ги затвори сите приоди кон својот гол, ја контролираше играта на средината на теренот и создаде неколку шанси.
Пред постигнатиот гол, Влатко Стојановски подготви одлична шанса за Гандо Биала, тој излезе сам пред противничкиот голман, но не успеа да го надмудри.
Шанси имаа и Мазари и Белица, но не успеаја да реализират.
Одбраната на Работнички беше на потребното ниво, а сигурен на голот беше и Игор Алексовски.
По овој триумф, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата, а во следното коло за 14 дена е домаќин на Гостивар.