shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мазари: Да покажеме квалитет и да го победиме Силекс

Работнички во 13.коло од Првата фудбалска лига е домаќин на Силекс. Натпреварот е закажан за утре, со почеток во 13 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Крилниот напаѓач Атдхе Мазари во најава за утрешниот дуел вели дека фудбалерите се максимално мотивирани да го покажат својот квалитет, по слабото издание и поразот од Шкупи во минатото коло.

„Работнички поседува многу поголем квалитет од игрите и резултатите што ги остварува тимот во досегашниот тек од првенството. Ние фудбалерите сме свесни за тоа и треба да го покажеме на теренот. Максимално сме мотивирани за утрешниот меч со Силекс, ги посакуваме трите бода и се ќе дадеме сѐ од себе да ги освоиме. Противникот е одлична екипа, но верувам дека ќе успееме да ги надиграме и да стигнеме до триумф“, вели Атдхе Мазари,

Утрешниот натпревар ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.