shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички спогодбено се раздели со тренерот Милан Илиевски

Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3-0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.

Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера.

ФК Работнички информира дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период.

Работнички во следното 13. коло на домашен терен го пречекува Силекс.