shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Александар Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Тиквеш в недела

Работнички в недела (14 часот) ќе го пречека Тиквеш во деветтото коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Даниел Василевски, сите од Скопје. Четврти судија ќе биде Јосип Бартон од Скопје.

За делегат на натпреварот е одреден Јакуп Ќазимоски од Струга, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.