shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (1-0) од Струга ТЛ во осмото коло

Работнички го доживеа четвртиот пораз оваа сезона во Првата лига, откако загуби на гости кај Струга ТЛ со 1-0. Фатална беше 50.минута, кога Бесарт Ибраими му побегна на Содик по десната страна, успеа да го проигра младиот Беким Камбери, кој го совлада Алексовски.

Работнички добро го почна натпреварот, а иако иницијативата ја имаше Струга ТЛ, сепак, на полувреме се замина без голови. Алексовски во првиот дел имаше неколку добри интервенции и го скроти силниот удар на Шабани. Во 45.минута беше досуден пенал над Бесарт Ибраими, а напаѓачот на Струга ТЛ не го реализира и шутираше над гредата.

Сепак, на почетокот на вториот дел Струга ТЛ дојде во водство. По ова, стружани знаеја да го сочуваат резултатот, а Работнички имаше убава шанса преку Георг Стојановски. Тој го мина и голманот Ќосевски, но откосо шутираше за малку крај голот.

По осмото коло, Работнички се наоѓа на седмата позиција, а во следното коло го пречекува Тиквеш на домашен терен.