shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ФК Работнички на 30. Генерално собрание на ЕКА: Историско зголемување на фондот за солидарност кон клубовите

Фудбалскиот клуб Работнички претставуван од генералниот секретар Ненад Монев беше учесник на 30. Генерално собрание на ЕКА во Берлин, на кое е донесена голема одлука за зголемена помош што УЕФА ќе ја дава на клубовите нема да излегуваат на европска сцена, во периодот од 2024-2027 година.

ЕKА и УЕФА потпишаа обновен Меморандум за разбирање со кој се продолжува договорот и партнерството меѓу управното тело на европскиот фудбал и EKA, како единствено тело претставник на клубовите на европско ниво, до 2030 година.

Договорот беше склучен пред 30. Генерално собрание на ЕKА во Берлин, Германија, а потпишан од претседателот на ЕКА, Насер Ал-Хелаифи, кој беше и реизбран на функцијата, и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Централен елемент на овој договор е заедничкиот приоритет за негување на европскиот клупски фудбал на секое ниво. Ова ќе се манифестира преку нов модел на распределба на приходите за циклусот 2024 – 2027, кој може да се пофали со невидено зголемување на фондот за солидарност што ќе им користи на клубовите во националните натпреварувања.

Уделот резервиран во новиот циклус за клубовите кои не учествуваат во групната фаза на натпреварувањата на УЕФА ќе се зголеми на вкупно 10%: покрај 3% резервирани за клубовите елиминирани во квалификациските рунди, уделот за клубовите кои воопшто не учествувале ќе порасне на 7%, (од сегашните 4%), обезбедувајќи 440 милиони евра по сезона – што е 1,32 милијарди евра во текот на циклусот – во она што е единствената шема за прераспределба за клубовите на пан-европско ниво.

Новиот дистрибутивен систем за клубовите учесници ќе даде поголем фокус на учеството (од 25% до 27,5% ќе бидат подеднакво поделени) и на перформансите (од 30% на 37,5%), додека постоечките два столба на пазарот и коефициентот ќе се спојат и ќе биде намалени (од 45% на 35%). Целосните детали за новиот систем ќе бидат откриени веднаш штом ќе бидат завршени сите техничките детали.

Обновениот меморандум гарантира дека, за целото времетраење на договорот до јули 2030 година, ЕКА ќе продолжи да ја признава УЕФА како раководно тело на фудбалот во Европа и УЕФА ќе продолжи да ја признава ЕКА како единствено тело претставник на клубовите на европско ниво.

Во текот на последниот циклус 2019/23, ЕКА и УЕФА постигнаа договори за различни теми, вклучувајќи го меѓународниот календар на натпревари, форматот по 2024 година и пристапот до клупските натпреварувања на УЕФА, распределбата на приходите од клупските натпреварувања на УЕФА и новите Правила за финансиска одржливост. Според условите на новиот Меморандум за соработка, застапеноста на ЕКА во телата на УЕФА ќе се одржува во постоечките комисии и понатаму ќе се прошири на различни нови.