Работнички ќе го пречека Шкупи во понеделник, на стадионот „Борис Трајковски“
Работнички на стартот од новата сезона во Првата фудбалска лига ќе го пречека Шкупи. Овој натпревар е закажан за в понеделник, со почеток во 17 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Оваа одлука е донесена поради лошата состојба на тревникот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Одредени се и официјалните лица за овој натпревар. Главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Слаѓан Маркоски. Четврти судија е Дејан Младеновски од Скопје.
За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља од Струга.