shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (1-4) од Трабзонспор на подготовките во Словенија

Работнички одигра пријателски натпревар против турскиот гигант Трабзонспор на подготовките во Словенија и загуби со 4-1. На дуелот во Љубљана пресуди поголемото искуство на турскиот гигант иако составот на Милан Илиевски одлично парираше, пред сѐ во првото полувреме.

Максимилијано Гомез во осмата минута го отвори резултатот, а израмни Мевљан Мурати во 17.минута, кога со помош и на слабата реакција на голманот Угурчан Чакир топката заврши во мрежата.

Трабзонспор повторно поведе во 40.минута со голот на Анастасиос Бакасетас по една долга акција во шеснаесетникот на Работнички.

Во вториот дел, Ерен Елмали во 63.минута постигна трет погодок за Транзонспор кој беше од очигледна офсајд позиција, но, сепак, судиите не реагираа. Конечниот резултат го постави Енис Дестан во 88.минута од мечот.

Работнички на 27 јули ќе одигра пријателски натпревар со саудискиот клуб Ал-Етифак што го предводи Стивен Џерард, и потоа се враќа во Македонија.