shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички го победи словенечкиот Бриње со 2-1

Работнички ја оствари првата победа на подготовките во Словенија. Во вториот тест, нашиот тим беше подобар од словенечкиот второлигаш Бриње со 2-1. Мечот се одигра на стадионот во Брежице.

Работнички дојде во водство во 19.минута, кога по акцијата од левата страна, реагираше Влатко Стојановски, а топката на патот кон голот удри во еден противнички фудбалер.

Бриње израмни во 62.минута од пенал, откако беше досудена најстрога казна поради играње со рака во шеснаесетникот.

Победата за Работнички ја донесе Атдхе Мазари, кој во 68.минута постигна погодок за 2-1, што на крајот беше и конечен резултат.