shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Димитар Данев потпиша професионален договор со Работнички

Работнички посебно внимание посветува на својата младина. Во таа насока, прв професионален договор со клубот потпиша големиот талент Димитар Данев.

Тој се обврза на тригодишна верност со ФК Работнички.

17-годишниот Димитар Данев е играч за врска, репрезентативец на Македонија во својата возрасна категорија и еден од најголемите таленти од клупската академија во последниот период. Тој веќе тренира со сениорскиот состав и ја чека својата шанса да блесне со целиот свој потенцијал.