shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Егзон Белица, за посилна одбрана на Работнички

Работнички ја засили одбраната со искусниот дефанзивец Егзон Белица. Тој по цели 12 години повторно се враќа во клубот. Играше во нашиот клуб во сезоната 2010/11 и беше стартер на мечевите против англискиот премиерлигаш Ливерпул, а потоа градеше интернационална кариера.

Егзон Белица потпиша двегодишен договор со Работнички, а доаѓа од косовскиот тим Приштина.

„Имам убави сеќавања од Работнички, тогаш како млад фудбалер кој допрва се докажуваше и доби голема шанса на европските натпревари против Ливерпул. Сега сум повторно тука, дојдов за нови успеси со клубот“, изјави Егзон Белица.

Белица (32) во Македонија играше и за Шкендија и за Охрид Лихнидос, а интернационалната кариера ја градеше во Беса Каваја, Конкордија, Интер Турку, Рига, Партизани Тирана и Приштина.