shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (1-2) од Шкендија во последното коло

Работнички доживеа пораз (1-2) од Шкендија во 33.коло од Првата фудбалска лига. Нашиот тим шампионатот го завршува на осмата позиција на табелата со 37 бода, со ефект од 11 победи, четири ремија и 15 порази.

Првото полувреме на мечот на стадионот „Борис Трајковски“ заврши без голови, а Шкендија поведе со голот на Љупче Дориев во 51.минута.

Сепак, Работнички одговори само две минути подоцна со погодокот на Анес Рушевиќ, кој одлично реагираше на нафрлувањето од левата страна и ја затресе мрежата на гостите.

По ова, Работнички имаше убава можност за пресврт преку Никола Манојлов, кој не реализираше од изгледна позиција.

Шкендија стигна до победа со голот на Аденис Шала во 76.минута од натпреварот.