shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Младинците на Работнички го освоија Купот на Македонија (ФОТО)

Младинскиот тим на Работнички (У19) го освои трофејот во Купот на Македонија. Нашиот тим предводен од Томислав Франц ја совлада Шкендија со 3-1 на денешниот финален натпревар во Кичево.

Двоен стрелец за Работнички беше Димитар Данев, а мрежата на Шкендија ја погоди и Стефан Ристовски.

Никола Манојлов беше двоен асистент, а една асистенција забележа и Фета Фетаи, фудбалерите кои веќе имаат и сениорско искуство во Првата фудбалска лига.