shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови против Академија Пандев

Работнички ремизираше без голови против Академија Пандев во мечот од 26.коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Милан Илиевски може да жали за неколку пропуштени можности на овој дуел, со подобра реализација сигурно можеше да стигне до триумф.

Во 15.минута, Анес Рушевиќ со удар со глава погоди во аголот каде што се спојуваат дирекот и гредата, а осум минути подоцна излезе сам пред голманот Алчевски, но тој со пад успеа да одбрани. Одбиената топка дојде до Кире Маркоски кој ја упати кон празната мрежа, но Бојан Димоски спаси на гол-линијата.

По ова, и Крсте Велкоски се закани со волеј-удар, но беше за малку непрецизен, а шут од далечина испрати и Николче Шаркоски.

Во 39.минута, Адтхе Мазари шутираше од 25 метри, но повторно ја погоди гредата од противничкиот гол.

Академија Пандев единствената закана ја имаше преку Велиновски, но неговиот шут заврши над гредата.

Во второто полувреме, домаќинот тргна поофанзивно, но Игор Алексовски имаше неколку добри интервенции, а на спротивната страна се заканија Кире Маркоски и Анес Рушевиќ. Сепак, мечот заврши без голови.

По 26. коло, Работнички се наоѓа на осмата позиција со 26 освоени бода.