shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Игор Иванов ќе го суди натпреварот Академија Пандев – Работнички

Работнички во наредното 26.коло од Првата фудбалска лига ќе гостува во Струмица и ќе има дуел против Академија Пандев. Натпреварот е закажан за в недела, со почеток во 15 часот, а одредени се и официјалните лица.

Главен судија на натпреварот ќе биде Игор Иванов од Велес, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски од Гостивар и Мартин Петковски од Куманово. Четврти судија е Стојанче Стојанов од Штип.

За делегат на натпреварот е одреден Мијалче Маџунаров од Штип, а контролор на судењето ќе биде Златко Неделкоски од Скопје.