shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јован Качевски ќе го суди мечот Победа – Работнички в недела

Работнички го отвора вториот дел од првенството со гостување во Прилеп. В недела од 14 часот, нашиот тим ќе гостува на стадионот „Гоце Делчев“ и ќе ги одмери силите со Победа. Одредени се официјалните лица за овој меч.

Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Давор Цветаноски (Кичево) и Мартин Дејаноски (Кичево). Четврти судија е Фатмир Бафто (Тетово).

За делегат на натпреварот е одреден Сулејман Ибиши од Тетово, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.