shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Никола Величковски е нов фудбалер на Работнички

Работнички доведе уште еден млад и талентиран фудбалер во своите редови. Нов играч на нашиот тим е напаѓачот Никола Величковски.

Тој доаѓа од Вардар, каде ја мина младинската школа, а имаше промоција и во сениорскиот погон.

Никола Величковски потпиша тригодишен договор со ФК Работнички. 17-годишниот напаѓач е голема перспектива на македонскиот фудбал, а Работнички секогаш им дава шанса за докажување и усовршување на младите таленти.