shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Информација за медиумите

Почитувани претставници на медиумите,
ФК Работнички, согласно одлуката на Владата за воведување дополнителни рестриктивни мерки при организација на спортски натпревари, информира дека претставниците на медиумите (новинари, фоторепортери и сниматели) за присуство на натпреварите на Работнички, почнувајќи од утрешниот натпревар против Струга Трим Лум, ќе мора да покажат сертификат за комплетна вакцинација или потврда за примена најмалку една доза вакцина против Ковид-19.
Ова ќе се применува се до следна одлука за промена на регулативата и протоколите.
ФК РАБОТНИЧКИ АД – СКОПЈЕ