shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Младите фудбалери на Работнички во полуфиналето на „Пирин куп“ во Банско

Младите фудбалери на Работнички (генерација играчи родени 2009 година) предводени од тренерот Драги Стојановски се пласираа во полуфиналето на меѓународниот турнир „Пирин фудбал куп“ во Банско, Бугарија.

По освоеното прво место во групата, тимот на Работнички славеше и во четвртфиналниот дуел против Хебар Пазарџик со 2-0. Ова секако е големо искуство за младите фудбалери, а клубот се труди тие секогаш да играат натпревари и на интернационално ниво.