shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Емир Сахити продаден во Хајдук Сплит

Фудбалскиот клуб Работнички и во овој летен преоден рок успешно продолжува со својата стратегија, за продажба на младите и талентирани фудбалери надвор од границите на Македонија. Успешно е комплетиран трансферот на младиот играч за врска Емир Сахити, кој и официјално е нов фудбалер на хрватскиот клуб Хајдук Сплит.

Талентираниот играч досега беше позајмен на сплитските „били“, по што Хајдук Сплит и официјално го откупи неговиот договор. Работнички и понатаму продолжува по добро зацртаниот пат, да им дава шанса на младите фудбалери, кои потоа ќе успеат да најдат ангажман во некој европски клуб.

Тимот на Работнички вечерва (20 часот) на арената „Филип Втори“ ќе го игра мечот против Академија Пандев во рамките на четвртото коло од Првата фудбалска лига.