shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Горан Станковски именуван за нов тренер на Работнички

По денешната оставка на Виктор Треневски, веднаш е именуван и новиот тренер на Работнички. Тренерската палка на првиот тим во иднина ја презема поранешниот македонски репрезентативец Горан Станковски, досегашен тренер во младинските категории на клубот.

„Одлуката на раководството е нов тренер на Работнички да биде прославеното наше фудбалско име Горан Станковски. Се одлучивме за поранешен фудбалер на Работнички, репрезентативец на Македонија со исклучителна кариера. Станковски покрај одличната кариера како фудбалер, веќе има потврда на својот професионален капацитет и како тренер. Како тренер водејќи ги младинските категории на клубот стигна и до титула во првенството и Купот во својата категорија. Токму поради тоа  се одлучивме да му дадеме доверба со надеж за подобри резултати сезонава“ – вели претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Стручниот штаб на Работнички останува комплетно ист. На Станковски и во иднина ќе му помагаат Милан Илиевски и Славчо Георгиевски како први асистенти, и тренерот на голманите Драги Атанасовски.

40-годишниот Горан Станковски, покрај за Работнички, во својата кариера има настапи и за Слога Југомагнат и Македонија ЃП на домашната сцена, но и германската Тенис Борусија, холандски Антверпен, турскиот прволигаш Дијарбакир, како и молдавска Дачија.

Станковски првото свое појавување пред фудбалерите ќе го има на утрешниот тренинг од 11 часот, а ќе го води тимот веќе во среда на дуелот против Силекс на арената „Филип Втори“, во рамките на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.