shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Драган Поповски: Треневски покажа врвна професионалност

Првиот човек на Работнички, Драган Поповски, има само пофални зборови за Виктор Треневски и начинот на кој сега веќе екс-тренерот на „романтичарите“ го водеше овој тим во изминатата година. Изразувајќи жалење што поради слаби резултати соработката мора да биде прекината, Поповски го потенцираше максималниот професионализам на Треневски и посветеноста со која поранешниот репрезентативец на Македонија го водеше прволигашот од Дебар Маало.

Согласно ситуацијата во која се најде тимот на почетокот од овој шампионат и разговорите со досегашниот шеф на стручниот штаб, раководството на ФК Работнички одлучи да ја прифати оставката на Виктор Треневски. Во наредните два дена, до следниот натпревар со Силекс, на итен состанок ќе биде разгледувана новонастанатата ситуација и ќе се разгледуваат опциите за нов шеф на стручниот штаб. Од името на ФК Работнички и од мое лично име како претседател сакам да му се заблагодарам на Виктор Треневски за одличната соработка што ја имавме во изминатиот период од една година. Тој демонстрираше врвна професионалност на сите полиња во клубот и даде свој полн придонес за остварување на целите минатата сезона, кога Работнички успеа да избори пласман во квалификациите за Лигата на Европа, а потоа имавме успешна презентација и на меѓународна сцена. Меѓутоа, малку послабиот старт на новиот шампионат беше причина за разделба, а дури и во овие моменти Виктор Треневски покажа максимална професионалност и тренерска доблест преземајќи ја комплетно одговорноста за постигнатите резултати. Мора да се потенцира неговиот професионален однос со фудбалерите и сите останати во клубот, како и несебичната посветеност за работа со младите играчи, што секогаш било и дел од стратегијата на ФК Работнички. Му посакуваме на Виктор Треневски успешна тренерска кариера во иднина и не се сомневаме дека ќе ги оствари своите цели и амбиции– изјави претседателот на ФК Работничи, Драган Поповски.