shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Нигериецот Чарлс Гофри е последното засилување за Работнички ова лето

Работнички во последниот ден од летниот преоден рок го комплетира трансферот на нигерискиот интернационалец Чарлс Чинеду Гофри. Се работи за 19-годишен напаѓач кој потпиша едногодишен договор со нашиот клуб, а доаѓа од албанскиот прволигаш Скендербег.

Гофри веќе се приклучи во работата со тимот на Работнички и ќе ја засили конкуренцијата во навалната линија.

Работнички се подготвува за неделното гостување на Чаир, и дуелот со Шкупи, кој е закажан со почеток во 16 часот, во рамките на четвртото коло од Првата фудбалска лига.