shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички потпиша договор за соработка со ЈП Паркинзи на Општина Центар

Фудбалскиот клуб Работнички денеска потпиша договор за соработка со ЈП Паркинзи на Општина Центар, кој го официјализираше спортскиот директор Иван Поповски, а на прес-конференцијата беше присутен и капитенот Душко Трајчевски.

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ, и директорите на спортските клубови КК Работнички, ФК Работнички и РК Работнички, врз основа на одлуката за најновата повластена паркинг карта за тренери во спортски клубови и спортисти – ПКТС, денеска потпишаа Договор за деловна соработка, кој ќе им овозможи на тренерите и спортистите од овие клубови олеснето паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ.

Имено, правото на издавање и користење на оваа паркинг карта го остварува секое физичко лице кое е сопственик на патничко моторно возило и е ангажирано како тренер во спортски клуб или е активен спортист во спортски клуб чиешто седиште е регистрирано во Општина Центар.

Потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување на договор за користење на ПКТС се: лична карта; сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган; потврда од спортскиот клуб дека лицето е ангажирано како тренер или дека е активен спортист; тековна состојба за спортскиот клуб издадена од ЦРМ, не постара од 6 месеци и решение за регистрација на спортски клуб издадено од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Цената за овој вид паркинг карта е: еднократен надомест за издавање – 350,00 денари и месечен надомест за користење – 250,00 денари. Договорот за издавање и користење на ПКТС може да биде со времетраење
најдолго до една година.

Корисниците на ПКТС имаат право на користење на конкретното јавно паркиралиште од отворен тип во Зона 1, Зона о1 и Зона 2 за чие користење е склучен договор, во вкупно времетраење од 2 часа дневно, а по надминување на истите ќе се применуваат општите услови за користење на јавни паркиралишта од значење за општина Центар со надомест.