shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Натпреварот Работнички – Динамо Минск со директен пренос на ТВ Нова

Работнички утре, со почеток во 18 часот, ќе го игра првиот натпревар против белорускиот претставник Динамо Минск во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на Европа. За љубителите на фудбалот убава информација дека е обезбеден и директен пренос на телевизија Нова.

Натпреварот ќе се игра на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот, а влезниците се пуштени во продажба преку мрежата на МК Тикетс, по цена од 200 денари. На денот на натпреварот влезници ќе можат да се купат и пред стадионот.