shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички закажува прес – конференција пред мечот со Тре Пене

ФК Работнички закажува прес – конференција, за утре (05. јули) со почеток во 12 часот, во прес – центарот на Куќата на фудбалот, во пресрет на реванш натпреварот против Тре Пене, претставникот на Сан Марино, во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. На средбата со новинарите ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Виктор Треневски и капитенот Душко Трајчевски, кои ќе ги изнесат своите очекувања за дуелот.

Прес – конференцијата ќе се одржи во прес – центарот на Куќата на фудбалот, а клубот срдечно ги поканува претставниците на медиумите да земат свое присуство. Акредитациите за следење на натпреварот меѓу Работнички и Тре Пене, кој ќе се одигра в четврток, со почеток во 17.30 часот, ќе бидат поделени по завршувањето на пресот.

Утре (среда) ќе бидат одржани и официјалните тренинзи на двата клуба, на комплексот на ФФМ. Тре Пене ќе го одржи својот тренинг со почеток во 17.30 часот, а половина час претходно (17 часот) клубот ќе одржи и прес – конференција во прес-центарот на ФФМ.

Работнички својот тренинг ќе го одржи со почеток во 18.30 часот на комплексот на ФФМ.