shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Дуелите со Пелистер ги решаваат детали, посакуваме триумф

Работнички утре на арената „Филип Втори“, со почеток во 16 часот, го пречекува Пелистер, во рамките на 31.коло од Првата фудбалска лига. По ремито со Ренова во Тетово, избраниците на Виктор Треневски се наоѓаат пред нов голем предизвик, пречекувајќи го на домашен терен четвртопласираниот тим на Пелистер.

Искусниот Горан Силјановски знае дека ова е многу значаен натпревар за Работнички.

„Дуелите со Пелистер оваа сезона се многу неизвесни и очекувам еден таков натпревар да се одигра и утре. Ќе решаваат нијанси, ситни детали, а поблиску до победа ќе биде тимот што ќе направи помалку грешки. Ние одигравме квалитетен меч против Ренова со Тетово, можеме да жалиме и за трите бода, со оглед дека создадовме голем број шанси пред противничкиот гол. Ако повториме едно такво издание и против Пелистер, се надевам дека можеме да стигнеме до триумф“, вели Горан Силјановски.

Работнички во пресрет на 31.коло се наоѓа на третата позиција на табелата со 48 бода, четири повеќе од четвртопласираниот тим на Пелистер.