shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Делегирани судиите за мечевите на Работнички со Ренова и со Пелистер

Работнички в недела ќе гостува во Тетово против Ренова, а три дена подоцна ќе биде домаќин на Пелистер. Одредени се службените лица за натпреварите од 30. и од 31.коло во Првата фудбалска лига на Македонија.

Натпреварот против Ренова е закажан за в недела, со почеток од 16 часот, а ќе го суди Александар Ставрев од Скопје. Ќе му помагаат Марјан Кировски (Скопје) и Игор Ширилов (Скопје), а четврти судија е Горан Манасиев (Велес). Судии зад головите ќе бидат Никола Костенчев (Скопје) и Боби Величков (Велес). За делегат на натпреварот е одреден Ветон Кранлиевски (Ресен), а контролор на судењето е Аце Миновски (Скопје).

Во рамките на 31.коло, Работнички на националната арена „Филип Втори“ ќе го пречека Пелистер, в среда, со почеток во 16 часот. Судија на овој натпревар ќе биде Марјан Маркоски од Охрид, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Охрид) и Лазе Чакарески (Струга). Четврти судија ќе биде Марјан Ецкоски (Струга). Делегат на овој натпревар ќе биде Гоце Шопоски (Струга), а за контролор на судењето е одреден Мијалчо Михаилов (Лозово).