shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Со Шкендија ќе треба да ги материјализираме шансите

Работнички го загуби соседското дерби со Вардар, но нема време за размислување за минатото, затоа што веќе утре тимот го очекува нов голем предизвик. Следи дуелот со Шкендија, на кој избраниците на Виктор Треневски ќе треба да не ги повторат грешките од претходниот дуел.

„Првенството влегува во забрзан ритам, и нема многу време за анализи и размислување за претходните мечеви. Сепак, знаеме дека потфрливме во реализацијата и ќе треба да бидеме многу поконцентрирани на утрешниот меч против Шкендија. Вардар успеа да ги искористи своите шанси и затоа ги освои бодовите на неделното дерби, а ние ќе треба да се подобриме веќе на утрешниот натпревар со Шкендија. Очекувам интересен и неизвесен натпревар, со надеж дека на крајот ние ќе се радуваме“, вели капитенот, Душко Трајчевски.