shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Емир Сахити: Да ја победиме Победа, да продолжи позитивниот тренд

Работнички го совлада шампионот Вардар и ремизираше во Тетово против вицепрвакот Шкендија, покажувајќи дека тимот има капацитет за да игра на врвно ниво со најквалитетните екипи во македонскиот шампионат. Но, желбата е позитивниот тренд да продолжи и на утрешниот дуел против Победа на домашен терен. Бодовите од секој меч се подеднакво важни во вкупниот амбиент, отсликан на табелата.

„Покажавме против најдобрите дека овој тим на Работнички има квалитет. Го победивме Вардар, и тоа убедливо, а не загубивме и против Шкендија на гости. Во самата завршница пропуштивме шанса и за триумф. Но, првенството продолжува понатаму и веќе утре не очекува ново искушение против Победа. Сакаме да го задржиме позитивниот тренд и да ги освоиме трите бода. Сигурно дека имаме капацитет за тоа, но треба да го дадеме својот максимум и максимално да се фокусираме на новиот дуел. Секој меч е нова приказна, а Победа е квалитетна екипа која заслужува респект. Сепак, мислам дека многу работи ќе зависат токму од нашата игра на овој меч“, вели младиот Емир Сахити.

Работнички ја пречекува Победа на „Телеком Арена“ во 13 часот, во рамките на 17.коло, а правдата на овој натпревар ќе ја дели судијата Димитар Мечкаровски.