shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ставрев ќе го суди дуелот меѓу Работнички и Вардар

Работнички в недела на „Телеком арена“, со почеток во 13 часот, ќе го одигра дерби натпреварот против Вардар, а правдата на овој меч ќе ја дели интернационалниот судија Александар Ставрев. На него ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов од Скопје, а четврти судија ќе биде Никола Караколев од Штип. Дополнителни судии зад головите за овој меч се Стојанче Стојанов (Штип) и Никола Костенчев (Скопје).

За делегат на овој натпревар е одреден Љубчо Ѓорѓиевски од Кочани, додека контролор на судењето е Сашо Лазаревски од Куманово.