shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски повикан во А – репрезентацијата на Македонија

Фудбалерот на Работнички, Кире Маркоски, доби повик за настап во А – репрезентацијата на Македонија за квалификацискиот натпревар против Шпанија што ќе се игра на 12. ноември во Гранада. Селекторот Игор Ангеловски реши да повика дури осуммина членови на младиот национален тим до 21 година, а Кире Маркоски беше еден од носителите на играта во оваа селекција во изминатиот квалификациски циклус, при историскиот успех и пласманот на Европското првенство во Полска.

Првиот собир на македонската фудбалска репрезентација е закажан за 7.ноември, а селекцијата патува за Гранада три дена подоцна.