shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Посакуваме победа без примен гол против Шкендија

Работнички и Шкендија, финалистите од минатата сезона во Купот на Македонија, оваа година се среќаваат во осминафиналето на најмасовното фудбалско натпреварување. Првиот меч се игра утре (15.30 часот), нашиот тим ќе биде домаќин на стадионот во Ѓорче Петров, а голманот Дамјан Шишковски вели дека посакува победа без примен гол.

Тоа би бил идеален развој на настаните за Работнички во пресрет на реваншот во Тетово.

„Минатата сезона овој дуел беше финале. Тоа значи дека пред себе имаме голем ривал, но не е и непобедлив. Веруваме дека можеме да ја елиминираме Шкендија и да се пласираме во следната рунда од куп – натпреварувањето. На утрешниот прв меч ќе се обидеме да оствариме триумф, а јас посакувам нашата мрежа да остане мирна. Се уште сме под импресии од првенствениот меч со Вардар, игравме добро, а загубивме, но ќе мора максимално да се фокусираме на претстојниот куп – дуел со Шкендија. Го респектираме противникот, но ќе дадеме и повеќе од максимум за да стигнеме до позитивен резултат и предност пред реваншот“, вели Дамјан Шишковски.