shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силата на Работнички е во заедништвото

Работнички го комплетираше ростерот со кој ќе настапува во претстојната сезона на домашната сцена, а тимот е овековечен и со заедничка групна фотографија. Избраниците на тренерот Виктор Треневски имаат успешен старт во шампионатот, четири победи од пет одиграни натпревари, а утре (15.30 часот) го играат дерби натпреварот против Вардар на арената „Филип Втори“.

„Силата на Работнички е во заедништвото“, порачуваат фудбалерите, најавувајќи дека со максимални напори ќе се обидат да извлечат поволен резултат на дуелот против актуелниот шампион Вардар.

Работнички го стартуваше првенството со триумф над Македонија ЃП на гости (0-4), потоа освои три бода на гости против Шкупи на Чаир (0-1), следеше триумф (1-0) против Ренова дома, а потоа и единствениот пораз (3-0) под „Тумбе кафе“ против Пелистер. Минатиот викенд Работнички на домашен терен го победи Силекс со 3-1 и се врати на победнички патеки во пресрет на утрешното дерби со Вардар.