shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Одиме на триумф против Силекс

По репрезентативната пауза повторно се враќа на сцена македонскиот шампионат, а петтото коло од Првата лига утре (16 часот) ќе го отворат Работнички и Силекс. Овие две екипи минатата сезона изборија пласман во Лигата на Европа, а и оваа имаат слични амбиции за излез на меѓународна сцена. Токму затоа, капитенот Душко Трајчевски смета дека ова е исклучително значаен меч за нашиот тим.

„Паузата ни беше добредојдена, а сметам и дека добро ја искористивме за тренинзи и подобрување на одредени сегменти во нашата игра. Иако не бевме комплетни поради отсуството на неколку играчи кои имаа репрезентативни обврски, сега се комплетиравме и максимално сме насочени на следниот предизвик. Утре го пречекуваме Силекс на арената „Филип Втори“ и ќе сториме се за да се вратиме повторно на победничките патеки“, вели Трајчевски.

Силекс е екипа која секако не смее да се потцени.

„Силекс секогаш заслужува респект, а и оваа сезона е тим кој ќе претендира за висок пласман. Но, ние веруваме во нашите квалитети и ќе се вложиме максимално за да ги освоиме трите бода“, истакнува капитенот Трајчевски.