shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елмас: Не велам ’не’, нека бидам стрелец и во Подгорица

Работнички губеше од Будуќност на првиот меч во Скопје, а потоа во игра влезе Елиф Елмас, во тандем со Филип Дурански, во средниот ред. Играта стана многу побрза, а маките за одбраната на Будуќност значително се зголемија. Младиот Елмас покажа дел од своето мајсторство и успеа да ја затресе мрежата на црногорскиот тим. Не би имал против така да биде и на денешниот реванш во Подгорица (19 часот).

„Не очекува тежок натпревар, но подготвени сме за предизвикот. Мислам дека можеме да стигнеме до успех доколку ја повториме играта од второто полувреме во Скопје“, вели Елмас.

Ако има „реприза“, тогаш Елмас треба да биде и стрелец во реваншот.

„Не велам ’не’, нека бидам стрелец и во Подгорица. Сепак, секој гол е плод на добрата игра на целиот тим. Се надевам дека пред се ќе одиграме квалитетно и дека ќе славиме, а личните желби секако се во втор план“, истакнува младиот играч за врска.