shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Убедлива победа против Загреб

Работнички стигна и до втората победа за време на своите летни подготовки во Терме Чатеж, славејќи против хрватскиот НК Загреб со 3-1 (2-0).

На вториот дуел од подготовките, избраниците на Томислав Франц повторно триумфираа во натпревар во кој беа далеку подобри од противникот.

Rabotnicki - Zagreb 2Уште од самиот почеток „романтичарите“ тргнаа агресивно кон голот на Хрватите, па сето тоа веднаш резултираше со гол уште во 4. минута преку Суад Сахити. Водството не значеше и крај на атаците на нашиот тим кој продолжи со континуирана офанзивна игра. Сето тоа донесе водство и од 2-0, во 32. минута, повторно преку Суад Сахити.

Во второто полувреме се играше нешто помирно, и по бројните измени во составот на Работнички, но рутински се одржуваше предноста која до крајот. Иако Захреб во 82. минута преку Хумељак успеа да намали, сепак само една минута подоцна со погодокот на Наумчевски нашиот тим заокружи убедлива победа од 3-1.

Минутажа на овој натпревар имаше и хрватскиот интернационалец Лука Томас, кој е на проба во редовите на нашиот тим.

Деби на Филип Дурански

На дуелот со Загреб деби во дресот на Работнички, по потпишувањето договор ова лето, имаше и фудбалерот од средниот ред Филип Дурански, кој го стартуваше натпреварот против хрватскиот тим.

Duranski vo dresot na Rabotnicki

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

РАБОТНИЧКИ – ЗАГРЕБ 3-1 (2-0)

Игралиште во Терме Чатеж. Стрелци: Суад Сахити 4’, 32’, Наумчевски 83’ (Р), Хумељак 82’ (З).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Цикарски, Трајчевски, С. Сахити, Томас, Најденов, Дурански, Маркоски, Алтипармаковски

Уште играа: Елмаз, Садики, Херера, Галиќ, Билали, Најдовски, Е. Сахити, Пушкариќ, Наумчевски, Ристовски