shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Помладите пионери на Работнички станаа шампиони на Македонија

Помладите пионери на Работнички станаа шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Тие со триумфот на гости против Ренова (0-4) ја заверија шампионската титула за натпреварувачката 2015/16 година. Предводени од Марјанчо Андрески, кој е помошник и на Томислав Франц во првиот тим, младите „романтичари“ покажаа дека клубот нема потреба да се грижи за својата светла иднина.

rabotnicki pomladi pioneri 2Работнички шампионатот го заврши со 58 бода, еден повеќе од Вардар, а Шкендија заврши на третата позиција со 54 бода. Помладите пионери играа и во финалето на Купот на Македонија за оваа возрасна категорија, но загубија од тимот на Шкупи.

Избраниците на Андрески го заверија трофејот со победата над Ренова на гости од 0-4. Ален Личина беше двоен стрелец на овој натпревар, постигнувајќи голови во 3. и во 33.минута, а во листата на стрелците се запишаа и Давид Тошевски во 13.минута, како и Димитар Тодоровски во 24.минута.