shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички – Вардар в четврток во 16.30 ч., „Комити“ на дел од Јужната трибина

Работнички во рамките на последното коло од Првата фудбалска лига ќе го пречека Вардар на арената „Филип Втори“. Натпреварот ќе се одигра в четврток (19 мај) во стандардниот термин, со почеток од 16.30 часот, а двата клуба ги задржуваат добрососедските релации и на меѓусебен состанок одлучија навивачката група „Комити“ да биде сместена на југозападниот дел од Јужната трибина, на блок 1.

За гледачите во употреба ќе биде пуштена само Јужната трибина, а влезници по цена од 100 денари ќе можат да се набават на билетарницата на стадионот, на денот на одигрување на мечот, почнувајќи од 12 часот, па се до самиот старт на натпреварот. Тие ќе можат да влезат на трибината од останатите блокови.