shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Вардар заслужува респект, но нема лесно да се предадеме

Работнички оди од дерби на дерби во овој период од шампионатот. По дуелот со Шкендија (0-1), утре (18 часот) на арената „Филип Втори“ следи нов голем предизвик, соседското дерби против Вардар. Тренерот Томислав Франц очекува добар натпревар на својот тим и позитивен резултат од овој меч, иако има максимален респект за Вардар.

„За Вардар не треба да се трошат зборови. Се работи за актуелен шампион и актуелен лидер на табелата. Но, нема лесно да се предадеме, Работнички секогаш прикажува добри игри на соседското дерби“, вели шефот на стручниот штаб на Работнички.

Тој повторно ќе има главоболки со составот, поради жолти картони Бојан Најденов нема право на настап, а повредите никако да го заобиколат тимот.

„Имаме проблеми на тој план, но на теренот ќе истрчаат тие што се подготвени за игра. Верувам дека ќе го дадат својот максимум и дека ќе се спротивставиме силно против шампионот“, истакнува Томислав Франц.