shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Почетна победа за засилен мотив во продолжението

Шефот на стручниот штаб, Томислав Франц официјалното првенствено деби на клупата на Работнички го почна со победа.

„Романтичарите“ запишаа победа од 2-1 против Младост Царев двор. Значаен триумф, како што вели Франц, од неколку аспекти, кој треба да донесе дополнителен мотив кај фудбалерите за продолжението од шампионатот.

„Сосема заслужено ги освоивме трите бодови. Ова беше важна победа, затоа што против себе имавме цврста екипа, но важна и од аспект на „кршење на мразот“ од психолошки аспект во вториот дел од првенството. Значајно беше за нас да тргнеме со победа. Се надевам дека од натпревар во натпревар ќе биде и уште подобра нашата игра. Сигурно со враќањето на Кире Маркоски и Борче Маневски ќе бидеме и далеку поконкурентни. Младите играчи докажаа дека се достојна замена за поискусните фудбалери на Работнички“ – вели Франц, сумирајќи ги впечатоците од вчерашната победата против Младост Царев двор.