shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски: Завршија подготовките, време е за собирање бодови

Се одбројуваат последните денови до стартот на пролетниот дел од шампионатот. Работнички ќе стартува в сабота, кога на комплексот на ФФМ од 14 часот ќе го пречека Младост Царев Двор. Подготовките завршија, сега е време за собирање бодови.

Капитенот Милан Илиевски најавува дека Работнички оваа пролет треба да биде многу поконкретен, кога се во прашање бодовите. Во пролетта влегуваме со нов шеф на стручен штаб, со делумно реновиран состав, но со исти амбиции, да се обезбеди излез на европската сцена.

„Амбициите се јасни, Работнички повторно сака да излезе на меѓународна сцена. Се наоѓаме во полуфиналето на Купот, каде ќе се обидеме да ја одбраниме круната, но и да стигнеме до третата позиција во шампионатот. Имаме неколку промени во составот, имаме и нов тренер, но мислам дека генералната стратегија и стилот на играта остануваат идентични – Работнички ќе негува допадлив, офанзивен фудбал и ќе игра на гол повеќе од противникот. Сепак, претстојната пролет ќе треба и да корегираме некои работи во однос на есенскиот дел, едноставно ќе мораме да бидеме поконкретни и да не дозволуваме лесно да испуштаме бодови на одредени натпревари“, вели Милан Илиевски.

Работнички својата пролетна премиера ќе ја има в сабота, со почеток од 14 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот, пречекувајќи го Младост Царев Двор.